Прво ние сме држава којашто отпочна преговори со ЕУ со чист македонски јазик, со заштитен идентитет и тоа е направено врз основа на предлог којшто го добувме од ЕУ. Предлог којшто беше изгласан во Собранието и против кој предлог немаше ниту еден глас против.
Тоа што опозицијата во моментов го прави, го прави единствено заради свои внатрешни партиски потреби. Задржување на позицијата на веројтано нивниот претседател. Референдумското прашање тие веројатно ќе ги достават до Собранието.
Во овој момент било какво спречување на продолжување на процесот на евроинтеграции на државата е правење штета и на граѓаните и на државата во евроинтегративниот пат.
Колку брзо ќе се движиме ние во приклучувањето кон ЕУ сега зависи исклучиво од нас бидејќи имаме задачи и активности којшто треба ние да ги спроведеме дома кај нас. Тоа се однесува како на спроведувањето на успешен скрининг за што веќе информиравме вчера за воспоставување на преговарачка структура, денес дојде и главниот советник којшто ќе работи со тимот, тоа е поранешниот хрватски главен преговарач за ЕУ и постојан претставник во ЕУ на Хрватска.
Се што се прави заради лични партиски цели е нешто што е против членството на државата во ЕУ.
Јас сметам дека и во опозицијата има европски блок на политичари којшто го поддржуваат нашето членство во ЕУ и дека тоа ќе се потврди кога уставните измени заради внесување на делови од други народи во нашиот Устав ќе биде ставено, нормално после консултации, после спроведување на целата таа процедура којашто ги следи уставните измени кога ќе биде ставена на усвојување во Парламентот.
И уште нешто сакам да додадам, а тоа е дека истата таа опозиција беше против Преспанскиот договор заради тоа што ќе сме го изгубеле идентитетот. Ниту изгубивме идентитет, ниту го спомнуваат Преспанскиот договор.
Истата таа опозиција организираше референдум против територијалната поделба во државата и за време на тој референдум кој беше неуспешен зборуваше дека дента кога ќе дојдат на власт ќе ја укинат територијалната поделба. 11 години беа на власт, не ја укинаа територијалната поделба.
Истата таа опозиција не беше во Парламентот да гласа против Договорот со Бугарија. Претседателот на таа опозиција пред камери на бугарски јазик на бугарскиот премиер му кажа дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија и сега излегува со референдумско прашање против Договорот со Бугарија којшто пред камери го поддржа.
Тоа е една неконзистентност, гледање на лични партиски интереси којшто немаат никаква поддршка ниту кај граѓаните, ниту кај политичките партии во опозицијата.