fbpx

Костовски: Нема назад, Референдум против ЕУ нема поддршка и нема да успее

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Референдум против Европската унија нема поддршка и нема да успее, истакна пратеникот на СДСМ Мартин Костовски за емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Костовски нагласи дека одлуката на Мицкоски за иницијатива за референдум е неразумна, тотално непатриотска, нерационална со единствена цел да успее да се претстави во своите месни комитети, како тврд орев, како некој што застанува на браникот на одбрана на нешто, кое не продадено.

Ние веќе ги почнавме преговорите со ЕУ, за неполни 10 дена почнува скрининг процесот, каде што ќе бидат трасирани сите рамки за преговарачката рамка, рече Костовски, додавајќи дека огромната поддршка на граѓаните и сите политички партии е уште еден гарант дека овој европски пат ќе се изоди како што треба, и Северна Македонија ќе биде член на ЕУ на семејството на најразвиените најбогатите и најпосакуваните земји членки.

Тој нагласи дека на Мицкоски му пропаднаа сите лаги за бугаризација, асимилација, за продавање на минатото, за продавање на историјата.

Ние сме горди Македонци, коишто зборуваат македонски јазик и така сме признаени во овој преговарачки процес, подвлече Костовски.

Тој додаде дека има голема маса од ВМРО-ДПМНЕ која е проевроски настроена и му се спротивставува на Мицкоски.

Ние сме свесни дека сме на вистинската страна на историјата, тие мислат дека ние грешиме, но граѓаните го кажуваат спротивното, ги охрабрувам големиот дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и секој поединец поединечно да се охрабрат и дадат свој придонес во европскиот пат на државата, да се придружат во остварување на сонот за ЕУ, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски за емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Последни вести