Соопштение за јавност
Правдата е најважната работа во секоја држава, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината „На прав пат“ во Кавадарвци.
За тоа, дополни Спасовки, сите ние заедно се боревме затоа што правдата ја враќа довербата кај граѓаните во институциите и ја подигнува јавната свест кај секој граѓанин.
Еден од аспектите за враќање на правдата е Законот за јавно обвинителство што го понудивме, а Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го одбија. Го одбија не заради тоа што дали и какво Специјално обвинителство ќе постои. Законот не се донесе затоа што сакаа преку него да ги укинат или застарат сите предмети против криминалците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја пљачкаа државата 11 години. На тоа не се согласивме и нема да се согласиме никогаш. Денес е дојден денот за нова борба, борба против криминалот. Тоа значи дека треба да се обединиме сите чесни и одгворни граѓани и да ги победиме криминалците без разлика од која партија, етничка или верска припадност се тие, порача Спасовски пред граѓаните на Кавадарци.