fbpx

Нова мерка за помош на стопанството и граѓаните – трговската маржа за електрична енергија ограничена до најмногу 10 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владата предводена од СДСМ и премиерот Ковачевски продолжува со реализација на мерки кои обезбедуваат редовно и непречено снабдување со струја но и заштита на стандардот на граѓаните и компаниите.
Денеска, Владата донесе одлука со која највисоката трговска маржа на електричната енергија за сите трговски друштва и трговци поединци кои вршат трговија на пазарот со електрична енергија на големо и на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

Со ова се излегува в пресрет на компаниите и потрошувачите кои со електрична енергија се снабдуваат на слободниот пазар, со ограничувањето на маржата, значително ќе им намалат трошоците за електрична енергија.

Ограничувањето на маржата ќе трае до 15 април 2023 година.

Како одговорна партија продолжуваме да наоѓаме решенија за справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза, продолжуваме да се грижиме за сите граѓани.

Последни вести