Соопштение за јавност
Иницијативата за референдум е најновата измама на Христијан Мицкоски кон граѓаните.
Референдумот на Мицкоски е против интеграција во ЕУ против македонскиот јазик и македонскиот идентитет и исклучиво за негови сопствени цели.
Мицкоски е докажан анти ЕУ политичар кој прави се да ја оддалечи државата од евроинтегративниот процес.
Цела година тој зборува за избори, за ново парламенарно мнозинство, со месеци лажеше за наводна асимилација и бугаризација, а сега откако пропаднаа сите негови лаги, се обидува одново да ја измами јавноста.
Сето тоа граѓаните го знаат и затоа не го поддржуваат Мицкоски во овој негов најнов обид да си ја задржи фотелјата во Белиот дворец.
Оваа негова иницијатива е осудена на пропаст, тој веќе нема поддршка ниту во својата партија.
Граѓаните нема да дозволат Мицкоски да го закочи нормалното функционирање на државата, нема да дозволат државата да се оддалечи од европскиот пат, само затоа што тој сака да ја спаси фотелјата во белиот дворец дури и по цена на државните интереси.