fbpx

Наместо за проблемите на скопјани, ВМРО-ДПМНЕ се занимава со тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ не се занимавале со решавање на проблемите на граѓаните во град Скопје, туку се занимавале со тендери.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната „независна“ градоначалничка на Скопје Данела Арсовска 11 месеци не правеле ништо освен што договарале тендери. И на крајот кога не можеле да се договорат за провизиите се скараа.

Како резултат на кавгите за тендери и интереси, проектите во интерес за Скопје и скопјани се стопирани.

Градоначалничката на Скопје ги остави на цедило скопјани со одбивањето да управува со парното греење за градот, па државата мораше да го преземе бидејќи е одговорна и се грижи за сите граѓани.

Не се реализира брзиот автобуски транспорт во Скопје иако за него има одобрени средства за кои државата ќе плаќа пенали.

Заглавена е пречистителната станица за која во ВМРО-ДПМНЕ расправаат околу провизиите.

Нема ни автобуси за кои Мицкоски самиот кажа дека преговарал, нема ни фабрика за автобуси, ни бесплатен јавен превоз.

Недоправена стои Универзалната сала, за која има одобрено средства, исто како и клучката кај Момин поток.

И ред други ветувања во Град Скопје не се реализираат, затоа што во ВМРО-ДПМНЕ наместо да се занимаваат со решавање на проблемите на граѓаните, се занимаваат со тендери и лични интереси.

Последни вести