Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Во време на најголема економска и енергетска криза Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски преземаат навремени мерки за заштита на граѓаните и фирмите.
Обезбедени се храна, струја и енергенси за претстојната зима.
Владата субвенционира 80 отсто од сметката за електрична енергија за над 600.000 домаќинства и над 70.000 мали и средни компании.
Со мерката за основните и средните училишта кои се префрлаат на регулираниот пазар, обезбеден е наставниот процес со физичко присуство во зима.
Поевтина електрична енергија е обебзедена и за болниците и здравствените установи.
Парно во Скопје ќе има за целата грејна сезона благодарение на тоа што го презема Владата откако ВМРО-ДПМНЕ покажа неспособност и се откажа.
Додека СДСМ и Ковачевски преземаат мерки за надминување на енергетската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се посветени на тендери и провизии.
Последно, се скараа за тендер од 136 милиони евра во Скопје и самите се фатија со рацете во медот.
Скопје и општините кои ги раководи ВМРО-ДПМНЕ стојат една година, не се реализираат проекти.
Шпицниот градоначалник Мицкоски со неговите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво ги покачуваат комуналните услуги и директно брцаат со рацете во џебот на граѓаните.
Секаде каде што е ВМРО-ДПМНЕ локална власт се покачуваат локалните комунални услуги, на штета на граѓаните.
Во Прилеп комуналните услуги се покачени за 67 отсто, во Штип за 40 отсто, во Велес јавниот превоз е зголемен за 40 отсто, додека во општина Охрид покачени се и јавниот превоз и комуналните услуги.
Наместо мерки за помош на граѓаните и работа, шпицниот градоначалник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ мислат на тендери и удираат по џебот на граѓаните.
Тоа е голема, суштинска разлика.
СДСМ се грижи за граѓаните во време на криза, шпицниот градоначлник Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат само за тендери и провизии.