fbpx

Очајниот Мицкоски преку шпионот Ковачки шири лажни вести за да ја зачува фотелјата во Белиот дворец

Facebook
Twitter
LinkedIn

Не престануваат нападите на ВМРО-ДПМНЕ кон претседателот Димитар Ковачевски, затоа што во Белиот дворец се очајни и фрустрирани од неговата чесна и одговорна работа.

Јавноста ја гледа разликата помеѓу чесноста на Ковачевски и нечесноста на криминалното ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ со постојани напади базирани на манипулации и невистини се обидува да го оцрни Ковачевски.

Во ДПМНЕ имаат голем проблем бидејќи народот повторно ги прочита дека освен криминал и фотелји, воопшто не се заинтересирани за граѓаните.

Бидејќи се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари и тендери, како овој последниот од 136 милиони евра.

И за тие грозни манипулации го избраа Драган Ковачки, дезеретот и шпоин.

Ковачки е човек кој додека бил во АРМ кодошел, вадел документи, навредувал колешки и колеги, човек кој бил казнуван и санкциониран за своите постапки.

Тој е дезертер кој ја посрамотил униформата, ја погазил свечената воена заклетва, му ги симнале еполетите и облекол сако за во Белата Палата да го прави она што очигледно најдобро знае да го прави, да кодоши, да плука и по мртви и по живи, и да прави пари кодошејќи ја својата држава, Армија и граѓани!

Тоа е дното на ДПМНЕ.

Последни вести