fbpx

Коалицијата на Мицкоски го менува името но суштината е иста, тоа е Коалиција за обнова на режимот, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата. 

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен блокади и деструкција, тие беа единстевните што работеа против ЕУ и НАТО, единствените кои се радуваат на историската грешка на Самитот во Брисел.

Во страв од извесниот пораз на изборите на 12 април, Мицкоски зборува за наводни анкети и негова предност, а во реалноста сите релевантни анкети покажуваат дека Коалицијата предводена од СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат тие.

Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори, но граѓаните ја победуваа неговата деструктивна матрица. Така беше на референдумот, на претседателските и на вонредните локални избори во Охрид и Ново Село, така ќе биде и на изборите на 12 април.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ после години посветени на ширење на поделби, омраза и национализам денес да зборуваат за подготвеност за  вклучување на други партии во коалицијата, вклучително и албански.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прочитана книга, затоа ќе изгубат и на следните предвремени парламентарни избори на 12 април следната година.

Последни вести