fbpx

Митрески на граѓанска трибина: Струга е на прав пат, како никогаш досега се градат патишта, училишта, водоводи и спортски сали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на ЦО на СДСМ, пратеникот Јован Митрески на трибината „На прав пат“ во Струга нагласи дека сега треба да одбреме дали ќе одиме по правиот пат или ќе се вратиме 100 години назад.

 

-ВМРО-ДПМНЕ има само една цел – да го заштити криминалот и криминално стекнатите пари од времето на своето владеење, истакна Митрески, додавајќи дека за таа цел го изрежираа и изведоа 27 април,  кога беа спремни да одземат животи и да ја втурнат земјата во немири.

 

-Ништо не им беше свето во минатото, ниту им е денес, ниту сакаат напредок, ниту подобар живот, сакаат само да се спасат, но ние тоа нема да го дозволиме, граѓаните нема тоа да го дозволат, истакан Митрески, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го критикува зголемувањето на мининалната плата, воведувањето на зелената нафта, проектот „Мој ДДВ“.

 

Мене ми е драго што имаме ваква опозиција, бидејќи граѓаните гледаат што работеа тие, а што работиме ние, истакна Митрески.

 

Тој се осврна на повеќе спроведени и планирани проекти во општина Струга, како изградбата на патот Подмоље-Струга, реконструкција на патниот правец  Мислешево-Мороишта, реконструкција на улиците во село Лабуништа, изградба на нова спортска сала во училиштето Нико Нестор, доградба на училиштето Браќа Миладиновци, рекунструкција на училиштето Јосип Броз Тито, по 40 години и реконструкција на училиштето во Радожда за прв пат од кога е направено.

 

За прв пат по 62 години е реконструирана Полициската станица во Струга, помината е првата фаза на приклучување на  колекторскиот систем до кракот Елен Камен за Радожда, решен е проблемот на водоснабдување на селото Октиси, обезбедна е чиста вода за пиење во Подгорци, истакна Митрески на трибината „На прав пат“ во Струга.

Последни вести