fbpx

Битиќи на ТВ 24: Во период на криза нема време за политика, сите треба да работиме за граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Еве јавна пофалба за курсот на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат после 3 години во периоди на криза во кои што јас цело време повикувам на токму ова што опозицијата вели дека треба да се седне и да се разговара, порача потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во своето гостување на Телевизија 24.

„Во период на криза, време за политика нема, затоа што на крај на денот сите работиме за иста цел, а тоа е за граѓаните. Ние кажавме дека сметаме дека во Владата во институциите во склоп на системот се бараат решенијата, и искрено сметам дека разговорите не треба да се водат на друго место. Особено не во тесен круг, затоа сметавме дека економскиот совет е правата форма во која ќе се дебатира. Таму се сите економски чинители и од политичкиот сегмент, но и од светската фела плус универзитетската фела. Нешто налик на економскиот совет кој што го имавме кога беше ковидот. Не се носат одлуки туку се расправаат решенија и се даваат совети на Владата, а Владата е таа која понатаму ги носи одлуките.“ порача Битиќи, додавајќи дека очекува учество и на претставници од опозицијата.

Присуство таму очекувам не само на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ туку и на неговиот тим од политичката партија кој што секако се добродојдени за да ги кажат своите видувања, заклучи Битиќи.

Последни вести