Прес-конференција, Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Христијан Мицкоски денеска се обиде да се сокрие од јавноста преку објава на социјалните мрежи каде се правдаше за неговите хидроцентрали.
За се’ е подготвен да зборува само за струјата која го повикуваме да се отстапи на граѓаните не. Ниту збор.
Кои се фактите:
Дали Мицкоски е основач и сопственик на фирмата „Енерготек“?
Да, еве документ што тоа го потврдува.
Таа фирма заедно со фирмата „Минка ДА“ го формира конзорциумот „Минка – Енерготек“.
Дали овој конзорциум добил државно земјиште за хидроцентрали во време кога Мицкоски е советник за енергетика во Владата?
Да, еве исто така документ што тоа го потврдува.
Христијан Хидро Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие.
Денес, самиот Мицкоски постојано тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии.
Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?
Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза.
Или провизии се дел од причината зошто се молчи?