fbpx

Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто, инвестираме во образовниот систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со исплатата на септемвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добиваат за 15 отсто повисоки месечни примања.

Од вкупно 32.500 вработени во основното и средното образование кои добиваат повисоки плати, 25.000 се наставници, а покачувањето изнесува просечно по 3.000 денари.

Со последното зголемување, СДСМ за само пет години ги покачи платите за 36 отсто, што е повеќе од една третина.

Тоа е далеку поголемо зголемување на платите, од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за период од 11 години, платите во основното и средното образование биле зголемени само за четири проценти.

Покрај платите, СДСМ инвестира и во унапредување на условите за работа на наставниот кадар.

Досега, реконструирани или изградени нови се 80 објекти на основни и средни училишта низ целата држава.  

Истовремено, Владата предводена од СДСМ донесе одлука објектите на основните и средните училишта да се префрлат на регулираниот пазар на електрична енергија што значи помали сметки за струја и непречено одвивање на наставата со физичко присуство низ целата грејна сезона.

Ова, почитувани, е пример за вистинска грижа за образовниот процес, вистинска грижа за наставниците и учениците.

И во време на светска економска и енергетска криза, СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, за сите сектори.

Последни вести