Соопштение за јавност
Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека нападите во прашални форми до претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски се уште еден навистина очајнички обид за дефокус на јавноста од „рацете во медот“ на ВМРО-ДПМНЕ и обид да се зацврсти положбата на Мицкоски.
Факт е дека Димитар Ковачевски истапува од сопственичката структура на Пиксел груп, што е пријавено во анкетниот лист на тогашниот заменик министер на 28.09.2020 година, кој е јавно достапен, рече Костовски, додавајќи дека од ВМРО-ДПМНЕ се уплашени од чесноста и посветеноста на Ковачевски и сега на пет дена излегуваат со фабрикувани обвинувања.
За разлика од Ковачевски, кој нема удели, нема влијание, Христијан Мицкоски како советник за енергетика добива 33.000 метри квадратни државни земјиште за изградба на мала хидроцентрала, исткна Костовски.
Во врска со предлозите на Мицкоски за ублажување на енергетската криза, Костовски нагласи дека во време на економска и енергетска криза секој има подеднаква одговорност без разлика дали е власт или опозиција да работи во интерес на граѓаните.
Мицкоски досега ветувал сѐ и сешто, се изнаслушавме разни шпекулации и конструкции, рече Костовски.
Тој истакна дека со чесна и одговорна политика на владата граѓаните ќе имаат струја, парно ќе има, субвенционирана електрична енергија за домаќинството, економскиот совет се обидува со сите чинители да донесат најдобри можни решенија за стопанството.
Она што е битно е дека Владата, кадровски и капацитетно е спремна да се справи со најтешките 5-6 месеци на човештвото на тлото на Европа по вторта светска војна и низа активности се веќе преземени од страна на владата и ресорните министерства, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.