fbpx

Мицкоски за тендери е гласен, за струја од хидроцентралите молчи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски со денови е гласен за одредени тендери, за фабрикувани лаги и конструирани случаи, но никаде го нема кога треба да се зборува за струјата од неговите хидроцентрали.

Мицкоски е познат по своите бизниси со хидроцентрали тоа е факт што никој не може да го побие, тоа го потврдуваат и официјални документи од институции.

Денес, самиот тој тврди дека бил загрижен, дека било криза, дека се живеело лошо додека тој се кара внатре во ВМРО-ДПМНЕ за тендери и провизии.

Ако навистина е загрижен за енергетиката и за економскиот стандард, тогаш зошто Мицкоски не сака да ја отстапи произведената електрична енергија на граѓаните?

Ете му шанса на Мицкоски да покаже одговорност во време на светска економска и енергетска криза.

Или провизии се дел од причината зошто се молчи?

Последни вести