fbpx

Мицкоски не направи ниту една хидроцентрала за државата, но затоа си направи за себе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Како директор на ЕСМ Христијан Мицкоски во својот мандат не направи ниту една нова хидроцентрала, ниту еден нов енергетски капацитет, а добивката тогашен ЕЛЕМ ја трошеше на финансирање рајски градини.

Но затоа, Мицкоски во периодот додека беше советник за енергетика во Владата си направи своја хидроцентрала, додека цената на струјата ја зголеми двојно, без да има никаква светска економска или енергетска криза.

Мицкоски од државата добил 33 илјади метри квадратни, а денеска не ја дава струјата на граѓаните, во време на најголема светска енергетска криза кога секој енергетски капацитет е од суштинска важност.

Срамно е Мицкоски да прави споредба на периоди на нормално функционирање на светот и период на постпандемија, на енергетска и економска криза која го тресе целиот свет.

Ако толку е загрижен за состојбата со енергетиката, Мицкоски нека ја даде струјата на граѓаните и нека ги повика пратениците да се откажат од блокадите на важни закони во Собранието.

Последни вести