fbpx

Хуманитарен турнир, играме заедно „Млади и солидарни“ за поддршка на млади и деца со попреченост во Охрид

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска​ во салата Билјанини извори во Охрид​ се одржа третиот регионален натпревар во рамки на хуманитарниот турнир „Млади и солидарни“ во организација на​ СДММ, Социјалдемократската младина на Македонија.

Млади од целиот Југозападниот регион играа за хумани цели и заедно собираа средства за центрите за поддршка на младите и децата со попреченост.

Преку спортот,​ СДММ​ реализира​ хуманитарна акција за поддршка на млади​ и​ деца со попреченост.​ Со хуманитарен турнир во мал фудбал​ се собираат​ средства за​ Центрите за поддршка на млади и деца со попреченост.

Напреварите во рамки на хуманитарниот турнир продолжуваат и во наредните недели, месец октомври за​ СДММ​ е хуман месец.​

Веќе утре турнир ќе се одржи во Маврово Ростуше каде ќе учествуваат екипи од Полошкиот регион.​

СДММ​ ги поканува младите да се​ приклучат, заедно да играме и да донираме, секој оноклку колку може.

Да бидеме хумани, да се поддржуваме, да си подаваме рака.


Последни вести