Успешните економски политики на Владата предводена од претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, даваат резултати и во услови на најголемата светска економска и енергетска криза.
Потврда за тоа е и новата фабрика во Струга, на кандски инвеститор, во која се отвораат 1.300 нови работни места, што значи шанса за пристоен живот на 1.300 наши сограѓани.
Фабриката за автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот, претставува нов стимул за домашната економија.
И во време на глобални предизвици, во текот на изминатите 18 месеци, постигнавти се договори од над 620 милиони евра инвестиции во технолошко-индустриските развојни зони, што е речиси две третини од вкупниот обем на донесени инвестиции во претходните 10 години.
СДСМ продолжува со мерки и политики за привлекување на странските инвеститори, кои значат нови вложувања и вработувања, за подобар животен стандард на граѓаните.