fbpx

Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев,  на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина „На прав пат“, што се одржа во Куманово.

 

Последни вести