Скопјани утрово на првиот ден од грејната сезона се разбудија со топли радијатори откако Електрани на Северна Македонија ги доби потребните лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
60.000 домаќинства од денес па до крајот на грејната сезона ќе имаат затоплување на своите домови затоа што Вчадата предводена од СДСМ го презеде управувањето со парното греење откако Град Скопје се откажа од него.
Иако станува збор за дејност за која е надлежен Град Скопје, градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска избега од оваа одговорност во време на светска економска и енергетска криза.
Очигледно дека на неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ не им се важни граѓаните, туку се интересираат единствено за местење тендери и делење провизии.
Покрај тоа што бега од обврските, ВМРО-ДПМНЕ преку пратениците продолжува да ја кочи работата на Собранието и блокира важни закони меѓу кои и Законот со кој се обезбедуваат 100 милиони евра за непречено работење на ЕСМ во време на криза.
Огромна е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и деструктивното и штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.