Денеска партиски делегации по повод 11 октомври „Денот на народното востание“ ќе оддадат почит и ќе положат свежо цвеќе на неколку локации во Прилеп, Куманово и Скопје.
Во Куманово во 10.00 часот делегација предводена од генералниот секретар Љупчо Николовски, придружуван од Тања Ивановска, Пеце Мирчевски и Мартин Костовски, ќе положат свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово.
Потоа, генералниот секретар Николовски, ќе се обрати на традиционалниот пикник по повод празникот во организација на ОО СДСМ Куманово.
Во Прилеп партиска делегација предводена од потпретседателот Коста Петров, придружуван од Соња Карапец и Дејан Павлески ќе оддаде почит и ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените
Во Скопје партиска делегација во состав Андреј Жерновски, Тања Томиќ и Дарио Николовски ќе положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел со почеток во 09:00 часот