Владата го усвои Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза.
Овој Закон како дел од пакетот антикризни мерки, обезбедува финансиска поддршка за најранливите категории во време на криза и опфаќа околу 200.000 граѓани.
Во следните четири месеци финансиска помош од 3.000 денари или вкупно 12.000 денари предвидено е да добијат – корисниците на право на социјална сигурност на стари лица; корисниците на посебен додаток; корисниците на правото на надоместок заради попреченост; лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Финансиска помош од 3.000 до 6.000 денари за период од четири месеци ќе добијат и пензионерите кои имаат пензии до 14.000 денари.
Република Северна Македонија е социјална држава и тоа се докажува преку двата пакета мерки донесени оваа година, вредни над 750 милиони евра,
Тие мерки се во насока на помош и поддршка на оние категории граѓани кои имаат најмногу потреба од тоа.
Сите пратеници да го поддржат предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза со цел помошта кон граѓаните да започне да се исплаќа веќе следниот месец.
Во време на криза, никој нема да биде оставен сам, грижата за сите граѓани продолжува.