fbpx

Фијаско на ВМРО-ДПМНЕ на трибина во Кратово, Мицкоски избега од граѓаните кои силно порачаа дека не сакаат обнова на криминалниот режим

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не нудат ништо ново, заглавени во матрицата на груевизмот сакаат да се вратат криминалниот режим, заканите, уцените, изолациите.

Граѓаните не сакаат обнова на криминалниот режим и нема да го дозволат тоа.

Доказ за тоа е слабата посетеност на предвидената трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово на која освен партискиот врв на опозицијата во Кратово не се појавија граѓани.

Згора на се’ Христијан Мицкоски немаше храброст да се соочи со сопствениот пораз и не се појави на трибината на која требаше да учествува.

Политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се поразени од граѓаните кои не сакаат да се повторат темните 11 години за време на режимот кога граѓаните осиромашуваа, а врхушката на ВМРО-ДПМНЕ вртоглаво се богатеше.

Граѓаните, државата тргнаа по патот на интеграциите во ЕУ и НАТО и напредокот, а ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски остануваат осамени во анти-европскиот блок и против прогресот на државата.

Последни вести