Соопштение за јавност
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.
-Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот сојуз, срдечно ви го честитам 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и ви посакувам добро здравје, успех и благосостојба.
Празнувањето на овој ден е симболичен израз на длабоката почит што нашата држава ја има за своите граѓани кои се дел од бошњачката заедница.
Токму разноликоста во јазиците, културата, обичаите и традицијата е тоа што нас како држава не издвојува и не прави посебни и препознатливи. Бошњачката заедница е една од заедниците кои го збогатуваат нашето македонско мултиетничко општество.
Значаен е придонесот на припадниците на бошњачката заедница кои се залагаат за напредок на државата и нејзиното промовирање надвор пред светот.
Затоа, заедно, сплотени да продолжиме да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон градењето на просперитетна и европска Република Северна Македонија, дом и татковина на сите нас.
Нека е честит Меѓународниот ден на Бошњаците!