Соопштение за јавност
Девет дена Христијан Мицкоски молчи и не дава одговор пред граѓаните на јавно поставените прашања.
Дали Орце Камчев, тајкун на режимот и обвинет во предмети на СЈО ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престедателските избори?
Дали тие донации на Камчев изнесуваат неколку стотици илијади евра?
Нема одговор ниту на прашањето, дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите се нотирани во нивниот Финансиски извештај?
Христијан Мицкоски и Игор Јанушев кој е и потписник на сметката, се кријат, молчат и не одговараат со што во јавноста се појавуваат сериозни и оправдани сомнежи.
Ако Камчев ја финансирал кампањата со стотици илјади евра, а тоа не е заведено во финансискиот Извештај, тогаш се отвора простор за индиции за сериозно кривично дело, нелегално финансирање на изборна кампања.
Дали ова директно го поврзува Мицкоски со случајот „Рекет“ и дали можеби ова е мотивот, зошто толку посветено го брани тајкунот Камчев?
Мицкоски и Јанушев должат одговори пред граѓаните.