Соопштение за јавност
Пратеникот од СДСМ и владечкото мнозинство, Костадин Костадинов, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет ја истакна очигледната разлика помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Костадинов се осврна на фактот дека Владата предводена од СДСМ одговорно соработува со сите политички партии, парламентарното мнозиснство прифаќа амандмани на партии кои не се дел од владеачкото мнозинство, што воедно е доказ за демократското однесување на СДСМ.
-Разликите помеѓу концептите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше 11 години на власт, парламентарното мнозинство не прифати ниту еден амандман на опозициска партија, а само досега за Буџетот прифатени се амандмани на опозицијата во вредност од 30 милиони денари што претходно никогаш не се случило – истакна Костадинов.
Костадинов потенцираше дека ја разбира нервозата во редовите на ВМРО-ДПМНЕ која нема ниту план ниту програма, но и дека е многу разбирлив фактот што парламентарното мнозинство не може да прифати амандмани во кои опозицијата предлага замена на опашката на бик.