Соопштение за јавност
Граѓаните можат директно да ги почувствуваат реалните и развојни економски реформи со кои од една страна ги намалуваме трошоците, а од друга страна ги зголемуваме минималната и просечната плата, потенцираше потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски во дебатната емисија Само Вистина на телевизија Канал 5.
Манчевски ги издвои и истакна спроведените реформи од Планот за живот со кои се обезбедува подобар живот и повисок животен стандард за граѓаните.
-Како Влада за само 2 години ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на електричната енергија, ги намаливме казните, воведовме концепт на опомена, граѓаните повеќе не се под притисок на власта како за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога беа мета на уцени, закани – истакна Манчевски
Тој се осврна и на домаќинското работење на Владата предводена од СДСМ, кое е во интерес на граѓаните.
-Не трошиме ниту едно евро на промоции, а имаме рекорден број странски инвестиции, доказ за тоа се официјалните податоци. Се отворија 50 илјади работни места, платите постојано растат, се подобруваат условите за работа. Ние како одговорна партија секој ден сме помеѓу граѓаните и ги слушаме нивните потреби и предлози. Остануваме посветени на обезбедување подобар живот за граѓаните, затоа преземаме реални и вистински реформи кои ги враќаат парите назад кај граѓаните – заклучи Манчевски.