Соопштение за јавност
Пратеничката од СДСМ и владечкото мнозинство, Кети Смилеска, денеска во своето излагање на Комисијата за финансирање и буџет ги истакна суштинските и реални придобивки за граѓанитe што ги обезбедува ребалансот на Буџетот за 2019 година, правејќи паралела помеѓу овој ребаланс и ребалансот на буџет во 2016 година, последната година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ребалансот на буџет за 2019 година има суштинска вредност и се одликува со низа придобивки за граѓаните. Разликата помеѓу овој ребаланс кој го предлага СДСМ и ребаланост од неславната 2016 година, последната година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ е евидентна. За споредба, за трите столба на државата кои генерираат индиректен развој како социјална заштита, образование и здравство, обезбедени се над 25 милјарди денари повеќе во однос на 2016 година – истакна Смилеска.
Во обраќањето, Смилеска се осврна и на лажните вести кои се појавија околу изградбата на експресниот пат Прилеп – Градско.
– Инфромациите дека треба да се платат 100 милиони евра за пенали за раскинувњето на договорот за изградба на патот Прилеп – Градско не кореспондираат со реалноста.
Ќе следува арбитража, а изградбата на патот ќе продолжи, посочи Смилеска.