Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, членот на ИО на СДСМ, Костадин Костадинов и членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски денеска присуствуваа на традиционалниот социјалдемократски пикник во комплексот „Трновски ветар“ во општина Крива Паланка.
Зеќири, Костадинов и Жерновски го искорстија присуството да зборуваат со граѓаните за повеќе актуелни теми, но и да ги слушнат нивните потреби, коментари и предлози.
На повеќе од една година до истекот на мандатот, „Парите кај граѓаните“ еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, “За живот во Македонија”, е целосно исполнет.
Радиодифузната такса е укината, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, казните се намалени, воведени се фер даноци и зголемени се субвенциите, а со повратот на 15 отсто од ДДВ, секое семејство добива приход плус на крајот од годината.
Со тоа се оствари заложбата на СДСМ што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните и да се подобрува нивниот животен стандард.
Веќе извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, како и судство и правна држава ослободени од партиски притисоци.
СДСМ останува со граѓаните, продолжуваат непосредните средби на кои се решаваат проблемите и се креираат мерки и политики од интерес на државата и граѓаните.