fbpx

Груевизмот зрачи во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски сака да го контролираат судството и обвинителството, за да ги заштитат нивните криминали

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Буквално ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, груевизмот зрачи.

Мицкоски е апсолутен послушник на почесниот претседател Никола Груевски и јавно кажува дека сака да биде контролор во обвинителството.

За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивно владеење.

Граѓаните многу добро се сеќаваат како нашата држава беше заробена држава, во која режимот на Груевски вршеше  уцени, закани, нарачуваше пресуди и измислуваше обвиненија.

Поради нивната деструктивност, целиот правен систем беше парализиран.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем.

Додека ВМРО-ДПМНЕ има порив да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора.

Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта и нема да ги заштити неговите криминали.

Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора.

 

Последни вести