fbpx

Сѐ што кажа Мицкоски за енергетиката излезе погрешно, толку му е знаењето

Facebook
Twitter
LinkedIn

Христијан Мицкоски со месеци ја плашеше јавноста со наводен недостиг на енергенси за домашниот енергетски сектор.

Лажеше Мицкоски уште минатата година дека јаглен има уште за два дена, а оттогаш поминаа речиси 400 денови, јаглен има доволно а термоелектранитего зголемија производството за 25 отсто.

Со месеци Мицкоски бараше да се набави гас за целата грејна сезона, во период кога цените на овој енергенс рушеа рекорди.

Сега, секој месец цената на гасот опаѓа и купувањето гас за пократки периоди се покажа како успешна одлука на Владата.

Доколку се набавеше гас во изминатите неколку месеци за целата грејна сезона, ќе се платеа 100 милиони евра плус сметајќи по сегашната цена на берзите, а која и натаму паѓа.

Ете колку познавање има Мицкоски од енергетика, се што тој кажа и предвидуваше, на крајот излезе спротивно.

Мицкоски уште еднаш покажа дека не се разбира во енергетика, дека го бива единствено да шири лажни всти и деструкции.

Последни вести