Соопштение за јаввност
Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчерашната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина.
Тимот на СДСМ предводен од претседателот Заев им понуди формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција за сите нови случаи за да се гарантира правната држава, но нив тоа не ги интересираше бидејќи бараа единствено бегство од законот за сите обвинети од нивната режимска структура.
Предлогот беше прв човек на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа ВМРО-ДПМНЕ го одби.
Груевски прво го избра Мицкоски со единствена задача до последен здив да го штити, сега од Будимпешта нарачува и подобен обвинител.
Граѓаните и сигурната иднина не смеат и понатаму да бидат заложници на азилантот кој од таму му дава инструкции на едократниот Мицковски.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.
Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија.