fbpx

Мицкоски нека продолжи да ги промовира проектите на СДСМ, за проекти на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба уште долго да почека

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција на изјава на Христијан Мицкоски

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски денеска во Прилеп промовираше капитален проект, проектиран и реализиран од поранешната локална и централна власт на СДСМ.

По 40 години, благодарение на поранешниот градоначалник Илија Јованоски, Министерството за труд и социјална политика и Владата предводена од СДСМ, Прилеп конечно доби нова, модерна градинка за сместување на 250 дечиња.

Денес, Мицкоски и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ само ја пресекоа црвената лента глумејќи дека нешто работат.

Го охрабруваме Мицкоски да продолжи да ги промовира проектите на СДСМ, затоа што ако чека на проекти од неговите градоначалници ќе треба уште долго да чека.

Истовремено, ги охрабруваме и останатите градоначалници, завршените објекти од претходните градоначалници, како градинката во Волково, во Ѓорче Петров, конечно да бидат пуштени во употреба, а на сечењето црвена лента, слободно нека го поканат и Мицкоски.

Последни вести