fbpx

Зечевиќ во Куманово: СДСМ го заштити македонското достоинство и го обезбеди идентитетот

Facebook
Twitter
LinkedIn

СДСМ го заштити македонското достоинство и го обезбеди македонскиот идентитет во процесот на интеграција во ЕУ, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на работен состанок со членови и симаптизери на партијата во Куманово.
Зечевиќ се задржа на политичкото делување на СДСМ низ призмата на државните и национални интереси.

-За идеалите на нашите предци, на револуционерите, борците од НОБ, партизаните, се војувало, со пушка во рака. Пред оваа денешна генерација македонски политичари е поинаква, политичка борба за рамноправност во големото семејство на европските државотворни народи. Ние, социјалдемокартите, сме подготвени да ја водиме но повикуваме на обединување, на едно национално ниво. Така полесно ќе успееме и така утре ќе може да кажеме дека на иднинте генерации сме им оставиле извесност, сигурност и сочувано национално достоинство. СДСМ го заштити македонското достоинство и го обезбеди македонскиот идентитет во процесот на интеграција во ЕУ. Сите треба да се приклучат во овој процес и заедно да покажавме дека нема делби во остварувањето на врвните национални цели, поставени уште од независноста. Влогот на секој член на СДСМ секако дека ќе биде најголем, рече Зечевиќ.

Политичкото делување на СДСМ 31 година секогаш ја става државата и националниот интерес на прво место, додаде тој.
-СДСМ секогаш имала клучна улога во најзначајните процеси, од мирното осамостојување на државата, меѓународното признавање и етаблирање, интеграцијата во глобалните сојузи, па се до почеток на преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет, рече Зечевиќ.

Во однос на внатрепартиското функционирање генералниот секретар истакна дека СДСМ е консолидирана партија која го засилува присуството на терен, меѓу граѓаните, меѓу членовите и така ќе продолжи да делува и во нареднит период.

Последни вести