fbpx

Скандалот од 136 милиони евра е најголемиот „проект“ на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Денеска Христијан Мицкоски организираше партиски панаѓур каде градоначалниците му реферираа на шпицниот градоначалник наместо на граѓаните од кои земаат плата.​

Нула нови проекти, масовна партизација и расипничко трошење на парите на граѓаните, тоа е отчетот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за првата година мандат.​

Скандалот со тедерот вреден 136 милиони евра за пречистителна станица е најголемиот „проект“ на локалната власт и шпицниот градоначалник Мицкоски.​

Мицкоски на сличен настан оваа година даде ветување дека лично тој во име на Град Скопје преговорал за набавка на нови електрични автобуси, па отиде чекор понатму најавуваше дури и фабрика.

И каде се денес автобусите и фабриката? Никаде ги нема, како што ги нема ни помпезно најавуваните проекти во програмите на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Никаде ќе ги нема ниту ветувањата што од партискиот панаѓур денеска ги дава Мицкоски, неговите градоначалници се најнеспособните градоначалници.

Последни вести