fbpx

Реновирани 7 училишта и расчистен наследениот долг од 43 милиони денари на училиштата во Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани сограѓани,

Дојде и месец септемеври – месецот кој е симбол на нови почетоци. Најпрвин би сакале да им посакаме среќен почеток на сите првачиња кои за првпат седнуваат во училишните клупи, на сите останати ученици, на наставниците и стручни соработници кои се најзаслужни за воспитување и образување на нашите деца како и на директорите кои посветено ја менаџираат работата во училиштата.

 

25-ти октомври 2017 беше денот кога ја превземавме локалната власт.

Во тој период, затековме долг на училиштата во висина од 43 милиони денари, од кои само за превоз се однесуваа 36 милиони денари.

Денес, на 03.09.2019 година, долгот на училиштата е 0 денари.

Најголема заштеда имаме во делот на јавниот транспорт. Имено за учебната 2018/2019, при распишување на тендер за превоз, како проценета вредост беше земена пазарната вредност на превозот и беше избран соодветен превозник намалувајќи ги вкупните трошоци за јавен транспорт за 9 милиони денари за една година, споредбено 2017/2018 и 2018/2019. Во таа насока, би сакале да ја информираме јавноста дека за 2019/2020 имаме дополнително намалување за 30% и со контрола на сите трошоци, ги намаливме обврските на 0 денари односно, оставруваме вкупна заштеда од 150 000 евра на годишно ниво – нешто што никогаш се нема случено во училиштата. Во прилог подолу би сакале да Ве информираме дека преку овие заштеди, средствата ги насочивме во релани инвестиции, сè со цел да се подобрат условите:

–        Во ОУ „Св.Кирил и Методиј‟ – Кочани се извршисанација на санитарни јазли, делумна санација на кров, обновување на поголем број на училишни клупи, обновување на нов кабинет за изведување на ИКТ настава, хортикултурно уредување на училишен двор како и санација на санитарни јазли и реновирање на дел од фасадата во ПУ во с.Горни Подлог.

–        Во ОУ „Раде Кратовче‟ – Кочани се извршизамена на парен котел за затоплување и се реновираа 6 училници на првиот кат во училиштето.

 

–        Во ОУ „Никола Карев‟ – Кочани, за првпат после 20 години се реновираавецињата кои беа во многу лоша состојба, се изврши промена на под во една училница како и реконструкција на кабинети. Во ПУ во с.Тркање се изврши промена на прозори и варосување

–        Во ОУ „Малина Попиванова‟ – Кочани, после после 25 години се изврширеконструкција на санитарните јазли кои беа во катастрофална ситуација,  се изврши промена на шал табли, реновирање на кујна како и набавка на плотни за 50% од потребите за сите училници

–        Во ОУ „Крсте Петков Мисирков‟ – Оризари се изврши реновирање на тоалети кои беа во многу лоша состојба, замена на стари прозори со ПВЦ во една училница, фасадирање на зграда (стар дел од училиштето), реновирање на ходници и училници, изработка на шкафчиња за ученици од 1 одделение.

–        Во СОУ „Љупчо Сантов “ – Кочани се извршидеинсталирање на дотраена електрична опрема во неколку училници и варосување на истите, реконструкција на наставничка канцеларија и спортската сала, набавен е ЛЦД проектор за потребите во наставата, се изврши целосна промена на осветлувањето во библиотеката, целосно менење на дотраениот надзор на училиштето со нови 16 камери. Во средна фаза е реконструкцијата на санитарните јазли и целосно е оспособена подрумската просторија за потребите на Младинската организација при училиштето и за активистите од Црвен крст.

–        Во СОУ „Гошо Викентиев ‟ – Кочани се извршипромена на стари прозори со ПВЦ како и реконструкција на тоалетите.

Драги сограѓани! За нас Зборот важи! Преку домаќински политики и рационално распределување на средствата градиме општество еднакво за сите. Вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме почитувајќи го заедничкиот интерес.

Последни вести