fbpx

ДПМНЕ се плаши од правдата, белиот дворец се обидува да ја попречи истрагата за случаите кои се водат против криминалот и корупцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност 

Залудни се обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и тајкуните создадени во тоа време.

 

Очигледно е  дека на ВМРО-ДПМНЕ се појасно им е дека одбраната на криминалот е едноставно невозможна.

 

Но, колку и да е неприфатлива за ВМРО-ДПМНЕ , борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна, ова е правна држава и законите важат за сите подеднакво.

 

Сите отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја и многу други мора да се расчитат до крај.

 

Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта.

 

Правда мора да има. Тоа е во интерес на државата и граѓаните.

Последни вести