Соопштение за јавност
Како што се расплеткува клопчето за расчистување на криминалите, така во редовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе расте нервозата.
Во таква нервоза и очај, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на социјалната мрежа Твитер во комуникација со граѓаните, отворено се заканува со бесилки и шири говор на омраза што е недозволиво за човек што треба да ги претставува граѓаните во Собранието.
Таквиот потег на Стевананџија беше осуден и од страна на Народниот правобранител и оценет како говор на омраза.
Надлежните институции мора да реагираат по овој случај на очигледно ширење омраза и закани, а Стевананџија да си поднесе оставка од фунцкијата затоа што не е достоен да ја извршува.
Повикуваме, за овој случај да се произнесе и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, а пратеничките групи, особено пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го осудат ваквото однесување на Стевананџија.
СДСМ осудува каков било вид на закани, уцени и притисоци заради јавно искажан став.
Тоа е недозволиво во држава што неговува демократски вредности, а особено загрижувачки е таквите закани да доаѓаат од страна на членови на највисокиот законодавен дом.
Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во деструктивната матрица на закани, уцени и пресметки со неистомислениците.