Одговори на новинарски прашања, Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ
Медиуми: За законот за обвинителство, вчера премиерот Зоран Заев имаше обраќање каде што рече дека законот мора да се донесе, денеска имаше одговор Мицкоски којшто вели дека очигледно реформите не можат да се донесат без ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е дека тој може да условува, и имплементацијата на законот зависи од ВМРО-ДПМНЕ, до каде се преговорите?
·Јас сум пратеник во законодавниот дом и законот за јавно обвинителство веќе е стигнат во собраниска процедура, ставен е на дневен ред на седницата којашто ќе се одржи веднаш после годишните одмори на 27 август. Вие како новинари и јавноста гледа кој е кочничарот во целиот овој процес на преговори односно на доближување на ставовите за да се донесе закон којшто навистина ќе испорача правда и којшто ќе доведе до ситуација да сите сме еднакви пред законот, тоа значи дека ние како политичка партија оставнуваме на ставот на нула толеранција за корупција и за криминал, јас очекувам и ВМРО-ДПМНЕ во периодот што претстои, пред собраниската седница ќе изнајдат сили и во име на правната држзава за која што се залагаат, ќе ги усогласат ставовите заедно со владеачкото мнозинство и конечно овој закон да биде донесен ден поскоро затоа што е многу важен, ако сакаме да ги афирмираме европските вредности.
Медиуми: Тие спорат и делови од Законот, тоа што по автоматизам, специјалната обвинителка ќе стане обвинителка во републичкото обвинителство, како и преземањето на адиминистрацијата на СЈО од страна на тековното обвинителство, каде што велат дека се вработени снаи, роднини, пријатели, членови на СДСМ и членови на семејство и на Катица Јанева.
·Токму затоа и течат преговорите меѓу политичките партии, меѓутоа кога ќе погледнете кои се преговарачите од другата страна и со кој кредибилитет влегуваат во преговарачкиот процес, на јавноста и е многу јасно зошто не им одговара за овој закон да биде донесен што поскоро.