Соопштение за јавност
Владата предводена од СДСМ продолжува со заложбите за унапредување на здравството и градење здравствен систем во интерес на граѓаните.
Од денеска, се укинуваат квотите на лекови за месец август во аптеките во регионите на Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија.
Со оваа одлука, во фази започнува спроведувањето на мрежата за доставување на лекови без квоти и воспоставување на дополнителни механизм за заштита од злоупотреба.
На овој начин се надминува проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт и се зголемува нивната достапност со цел потребните лекови на граѓаните да им бидат достапни преку целиот месец, а не само на почетокот на месецот како што беше пракса досега.
Ова е првиот конкретен чекор кон целосно укинување на квотите. Во меѓувреме, се воведуваат дополнителни контроли и се засилува целиот механизам.
Како што соопшти Министерството за здравство, наскоро ќе започне и официјалната административна процедура на вклучување на сите аптеки што во овој момент не се во мрежата на здравствени установи со цел нивно вмрежување.
СДСМ останува на страната на лекарите и на пациентите. Преку реализација на нови решенија кои ја унпредуваат здравствената заштита и со кои се мотивираат младите лекари да останат и да работат во нашата држава, градиме ефикасен здравствен систем.