fbpx

Зечевиќ од Битола: Врз вредностите на НОБ повикани сме на национално обединување за европската перспектива

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, доцна попладнево ги продолжи теренските активности и средби низ републиката.
Вечерва, на работна средба со членовите и поддржувачите од општинската организација на СДСМ Битола, Зечевиќ упати порака за општествено и национално обединување околу европскиот пат на земјата.

-Актуелните македонски политичари се повикани, токму врз вредностите на НОБ кои ја создадоа современата македонска држава, да дадат придонес во семакедонско обединување за европската иднина, затоа што тоа е гарантор на сигурна македонска иднина со признаена посебност еднаш засекогаш. СДСМ е континутитет на НОБ и ќе го предводи тој пат. Ние во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија сме горди што сме нитките на државотворноста, како одговорен и прогресивен политички субјект, рече Зечевиќ.

Се уште има структури кои сакаат злоупотреба на чувствата на Македонците со погрешна проекција поготвени да го минираат тој пат, додаде Зечевиќ.
-Македонскиот пат е европскиот пат до полноправно членство во ЕУ, да бидеме горди и достоинствени, рамо до рамо до големите државотворни европски народи, признаени и потврдени еднаш засекогаш. Секој што се противи на тој пат е против современиот македонизам. Современиот македонизам и патриотизам е обедунување, национално помирување како залог за новите европски перспективи и иднината на младите македонски генерации, рече генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Последни вести