fbpx

Во тек се 80 проекти за реконструкција и санирање на 700 километри патишта, после 11 години на ВМРО-ДПМНЕ кога патиштата беа заборавени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Очајната состојба во ВМРО-ДПМНЕ кулминира со нивните прес-конференции.

Крајно несериозно е партијата која за 11 години мислеше само на провизии, која изгради само 7 километри автопат, а притоа остави тотален хаос, проблеми, нерегуларности и што е најтрагично, бандери на сред пат да зборува за инфраструктура.

Во тек се 80 проекти за реконструкција и санирање на патишта во должина од 700 километри.

Магистралниот пат М-6, од граничниот премин со Република Бугарија кон Стрмица, веќе месец дена се реконструира.

Додека ВМРО-ДПМНЕ земаше провизии и правеше криминални зделки кои завршија со бандери на сред пат, денеска, Владата предводена од СДСМ гради по план ширум земјава.

 

Скопје, 07.07.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 
Последни вести