fbpx

Ковачевски: Новите фабрики и фотонапонски централи кои ги отвораме ја менуват земјата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Новите фабрики и фотонапонски централи што ги отвораме, ја менуваат државата на подобро, порача вечерва од Кочани претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ковачевски истакна дека во само во првите десет месеци од годинава во ТИРЗ се отворени 2.000 работни места, додека во целиот период на ВМРО-ДПМНЕ во Технлошко развојните зони биле отворени вкупно 6.000 работни места.

– Меѓудругото треба да се потенцира дека во Кочани, Амфенол технлоџи гради нова фабрика на 3.500 квадратни мерти каде ќе се вработат уште стотина луѓе од овој град и од овој крај, посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на енергетиката, претседателот Ковачевски посочи дека глобалната енергетска криза покажала колку е важно домашното производство на енергија и затоа Владата предводена од СДСМ започнала со енергетска транзиција.

– За само 10 месеци, само во овој краток период од мојот мандат, имаме веќе пуштено во употреба 27 мегавати фотоволтаичи централи. Енергетската трансформација започна со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати а на оваа локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати.
Неодамна почна со работа најголемата фотоволтаична централа во државата од 17 МW, која е словенечка инвестиција во Свети Николско, Амзибегово. На македонскиот исток се гради и во следниот период треба да биде биде пуштена во употреба 25 мегавати од ветерна централа во Свети Николско. Лидери сме во регионот во енергетска трансформација и можеме да станеме енергетски зелен центар на Европа. Тоа е мојата енергетска визија, да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце, порача Ковачевски.

Последни вести