fbpx

Мицкоски не успева да го одбрани криминалот и затоа измислува и конструира непостоечки случаи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да им се извини на граѓаните за сите лажни вести што тој и неговата партија ги пласираат со денови. 
 
Напротив,Мицкоски не само што не се извини туку уште позасилено продолжува да шири лажни вести, невистини и конструкции.
 
Мицкоски по секоја цена продолжува да ги брани криминалците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но полека станува свесен дека не е возможно да ги одбрани криминалите и криминалците од ВМРО-ДПМНЕ.
 
Јасно е дека на Мицкоски не успева да го одбрани криминалот, не успева да ја оствари единствената задача дадена од неговиот ментор од Будимпешта. Затоа измислува, конструира случаи за наводни апсења, се обидува да внесува вознемиреност меѓу граѓаните. 
 
Додека државата оди напред, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остануваат осамени и заглавени во матрицата на деструкција, лажни вести и одбрана на криминал. 
 
Затоа ги загубија претседателските избори и локалните избори во Охрид и Ново Село и затоа ќе ги загубат и парламентарните избори, кога и тие да се одржат.
 
 
 
Последни вести