fbpx

Ковачевски: Со моето менаџерско искуство и економски план можам да ja донесам потребната промена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сето знаење, стекнато за време на моето 22 годишно менаџерско и економско искуство од приватниот секто го ставив на располагање на државата за спас на македонската економија. После 10 месеци, макотрпна работа, труд, многу непроспиени ноќи создадовме и реализиравме пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра. Најголеми во регионот според БДП. Не само според мене, не само според Владата, туку според Светската банка, рече претседателот на СДСМ Ковачевски вечерва во Тетово.

Со моето менаџерско искуство, со смели чекори и економски план можам да ја донесам општествената промена којашто ни е потребна, рече Ковачевски.

-Резултатот од овие мерки е видлив и мерлив. После 10 месеци можеме да кажеме успеавме. Со антикризните мерки ја спасивме македонската економија, го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани кога беше најпотребно. На многу економски посилни земји им се случи финансиски пад, погледнете една Британија на пример. Ние, во исклучително тешки околности успеавме да го одржиме буџетот стабилен, да не крахира, да го одржиме енергетскиот систем и да обезбедиме храна, енергенси , греење и струја. Имаме уште многу работа, тоа секако, бурата е се уште во тек. Но стојам овде пред вас и со сето мое економско и менаџерско знаење, со сиот резултат во изминатите 10 месеци ви велам ДА, можеме, додаде Ковачевски.

На нашето општество не му треба враќање назад, туку визија за европска и економски напредна држава. Јас таа визија можам да ја преточам во реалност, потенцираше претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибина на СДСМ, вечерва во Тетово.

Последни вести