Соопштение за јавнист
Мојата енергетска визија е да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце!Први во регионот сме според енергетска трансформација и се позиционираме како иден зелен центар на Европа. Само во изминатите 10 месеци од мојот мандат 27 мегавати фотоволтаични централи имаме пуштено во употреба, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски вечерва во Штип на граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“.
-Започнавме со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Дополнително на истата локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати. Во Свети Николе неодамна почна со работа фотоволтаична централа во државата од 17 мегавати. Во наредниот период сите 130 мегавати од обновливи извори на енергија ќе бидат пуштени во употреба. Кога имате план, визија и вистински политики резултатите се неизбежни. Така и ќе продолжиме, да ја градиме иднината на нашата македонска татковина, презентираше Ковачевски меѓу другите проекти кои ги претстави пред граѓаните во Штип на трибината „Силно и одлучно кон иднината“.