Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетси систем.
Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2022 и следната грејна сеозна, 2024/2025.
Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза.
На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им е битна енергетиката, за време на 11 години владеење на оваа партија, цената на струјата се зголеми за 100 отсто, а не беше изграден ниту еден нов енергетски капацитет во државата.
Затоа денес оваа партија нема кредибилитет да зборува за енергетика.