Соопштение за јавност
Ве повикувам заедно да се спротивставиме на пироманските политики и да ја обезбедиме европската иднина на земјата, порача вечерва во Велес претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибинита „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Велес.
Претседателот Ковачевски истакна дека македонските граѓани не сакаат неизвесност, не сакаат мрачна иднина.
– Покажавме како може да го организираме буџетот за економски раст на земјата, за помош и поддршка на граѓаните. Покажавме дека е можно да се заштити и одбрани нашиот јазик, идентитет, нашите национални интереси. Денес, повеќе од било кога, од било кој друг докажуваме дека може да бидеме почитувани во Европа и во целиот свет. Заедно да покажеме дека можеме да создадме европска Македонија, економски стилна и напредна европска држава, додаде Ковачевски.