fbpx

Хаос со превозот, катастрофа во Скопје поради неспособност на ВМРО-ДПМНE

Facebook
Twitter
LinkedIn

На Скопје му се случува хаос предизвикан од неспособноста од градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавниот превоз е во колапс, а и останатите јавни претпријатија се во хаос.

Поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ, Скопје за првпат во историјата остана без јавен автобуски превоз, а деновиве се случува целосен сообраќаен хаос.

Нема ништо од бесплатниот автобуски превоз, нема нови автобуси, ја нема фабриката за автобуси што Христијан Мицкоски ја најавуваше.

Не се менаџира ниту постоечкиот автобуски превоз, па граѓаните на Скопје со денови се приморани да ги користат само линиите на ЈСП, кои не се редовни што предизвикува нервози, доцнења на работа, на училиште, на факултет, на лекар…

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност на главниот град му приредува нова непогода.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната градска власт се големо разочарување за граѓаните.

Последни вести