Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ се единствените кои неможат да се помират со успешните економски политикипотврдени преку официјални податоци, релевантнифинансиски институции, како и преку најпозитивниот извештајна Европската комисија.
Одново се покажува дека Мицкоски не само што нема основнипознавања од економија туку не знае ниту да ги прочитапозитивните економски текови, па затоа шири лажни вести.
Не е точно дека платите не растат, а економијата пропаѓа какошто лажно тврдат Мицкоски и ВМРО–ДПМНЕ. Класична лажнавест е тврдењето на Мицкоски дека Буџетот не се полни. Напротив, состојбата е одлична, граѓаните да бидат спокојни.
Факт е дека за само две години, економијата далелкупостабилна и развојна, отколку што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО–ДПМНЕ.
Од – 1,8 отсто во последните два месеца од владеењето наВМРО–ДПМНЕ, за неполни две години економијата има раст од4.1 во првиот квартал од 2019 година.
Само во 2018 забележан е рекорден износ на странскидиректни инвестиции од 624,5 милиони евра, а нашата државаима убедливо најголем раст на странски инвестиции ворегионот, што е потврдено и во „Извештајот за инвестициитево светот 2019“ на Конференцијата на Обединетите нации затрговија и развој.
Невработеноста е намалена на историски минимум и изнесува17,8 отсто. Платите растат во сите сектори, зголемена еминималната плата, а за само две години просечната плата езголемена за околу 2.000 денари.
По 13 години, агенцијата “Фич” го зголеми кредитниот рејтингна нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед, што епоследен во низата показатели за успешноста на реформите ипотврда дека е довербата во економијата е вратена и таа седвижи во нагорна линија.
Ниту една лажна вест од скапоцениот дворец не може да гидемантира официјалните податоци кои покажуваат декастагнација и сиромаштија, економијата расте и се движи водобар правец.
Скопје, 15.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА